Православен календар

Светиот свештеномаченик Никон

23 март (по стар стил)

Роден е во Неапол од татко незнабожец и мајка христијанка. Беше римски офицер во Неапол. Не беше крстен, иако мајка му тајно од таткото го поучуваше на Христовата вера. Еднаш кога тргна со својата чета во бој, мајка му го посоветува ако западне во неволја да се прекрсти и да Го повика Христа на помош. И навистина, кога во битката Никоновата чета беше опколена и сосем близу до конечна погибел, Никон се прекрсти и во срцето повика кон Господ Исус. Во тој миг се исполни со необична сила, јурна на своите непријатели и едните ги уби, а другите ги натера во бегство. Враќајќи се дома непрестајно во чудо возвикнуваше: „Голем е христијанскиот Бог!“ Откако ја израдува мајка си со веста за победата со помош на крстот Христов, тајно отплови во Азија и таму епископот кизички Теодосиј го крсти. По Крштението се затвори во еден манастир, каде што се предаде на учење и подвиг. Но, пред смртта епископот Теодосиј имаше видение во кое му беше заповедано за свој наследник да го ракоположи Никон. Старецот Теодосиј веднаш го повика Никон и го ракоположи за ѓакон, потоа за презвитер и на крајот за епископ. По Божја Промисла Никон наскоро дојде во Неапол, каде што ја затекна мајка си сè уште жива. По нејзината смрт заедно со деветмина ученици, свои некогашни војнички другари, замина за Сицилија и таму го проповедаше Евангелието. А во тоа време имаше страшно гонење на христијаните. Кнезот Квинтијан го фати Никон со другарите и ги стави на големи маки. Сто и деведесет негови другари и ученици беа убиени. Мачителот го врзуваше Никон за опашките на коњите, го фрлаше во бездна од високи карпи, го тепаше, го стружеше, но Никон ги преживеа сите тие маки. Најпосле го убија со меч и се пресели со душата кај Господа. Неговото тело го оставија во полето за да го изедат птиците. Едно демонизирано овчарче се сопна и падна врз мртвото тело на Христовиот маченик и веднаш се исцели. Разгласи за телото на свети Никон, па дојдоа христијаните и го погребаа. Пострада за Христа во времето на царот Декиј.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Мај
17
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ка Пелагија, дева Тарсијска (290)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Простувањето на навредите е знак на вистинска љубов, слободна од лицемерие. Бидејќи така и Господ го возљуби овој свет.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 48

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк