Православен календар

Света Лидија Македонска

27 март (по стар стил)

Света Лидија е родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век. А во она време градот Тијатир беше познат по бојаџилниците. Па и оваа богобојазлива Лидија, како што се нарекува во Делата Апостолски (16, 14), беше продавачка на пурпурни ткаенини и бои, кога го чу Евангелието и стана прв човек во Филипи, во Македонија и во Европа, кого светиот апостол Павле го обрати во верата. За своето доаѓање во Македонија првиот проповедник на Евангелието за незнабожците беше поттикнат од Светиот Дух во видение. Бидејќи, кога апостолот и браќата што беа со него дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија, Духот Свети не ги пушти. И кога ја напуштија Мизија, слегоа во Троада. Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ (Дела 16, 7–9). Надвор од градот Филипи при една река, сведочат апостолите во Делата Апостолски, беше едно место каде што доаѓаа од градот оние што имаа обичај да се молат. Меѓу таму насобраните жени Господ ѝ го отвори срцето на богобојазливата Лидија да внимава на зборовите Павлови. А кога се крсти таа и целиот нејзин дом, ги молеше кај неа да живеат Павле и оние што го придружуваа (апостолите Сила и Тимотеј), велејќи: „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа.” (Дела 16, 15). Според преданието, Лидија станала ѓакониса во Филипи, а нејзиниот дом бил претворен во дом за молитва, односно во црква, и тоа е првата христијанска црква на тлото на Европа.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Мај
17
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ка Пелагија, дева Тарсијска (290)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некој монах имал борба со блудната похот и, станувајќи навечер, отишол кај старецот и му ги исповедај своите мисли коишто го терале кон блуд. Старецот го успокоил, и братот, добивајќи полза, се вратил во својата ќелија. Но, борбата повторно започнала и тој повторно пошол кај старецот. И тоа го правел неколку пати. Старецот не го ожалостувал, но вака му велел: „не се предавај, подобро доаѓај кај мене кога ќе те беспокои демонот и разобличувај го, откривајќи ги своите мисли. На таков начин разобличен, тој ќе замине. Бидејќи ништо така не го жалости демонот на блудот како откривањето на неговите дела во исповед пред духовникот – и ништо не го радува толку како скривањето на помислите посеани од него.“ Така, братот доаѓал кај тој старец единаесет пати, разобличувајќи ги своите мисли и искушението престанало.

Древен старечник, 5.16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк