Православен календар

Преподобен Јован Пустиник

29 март (по стар стил)

Син на една христијанка по име Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил пред Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Свети Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа лебот му се даваше преку старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Мај
17
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ка Пелагија, дева Тарсијска (290)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Невозможно е да се сочува душевниот мир ако не внимаваме на умот, односно ако не ги изгонуваме мислите коишто не Му се угодни на Бога, и обратно – ако не се држиме до мислите кои што Му се угодни на Бога. Треба со умот да се гледа во срцето, што се случува таму, мирно е или не е мирно. Ако не е, тогаш провери во што си згрешил.

Преп. Силуан Атонски
Списи. XIV.8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк