Православен календар

Преподобен Марко Трачески

5 април (по стар стил)

Се нарекува уште и Атински, според неговото родно место Атина. Кога таму ги заврши високите школи, родителите му умреа. Тој во себе помисли дека благовремено треба да се подготви за чесен излез од овој свет. Откако им го раздаде имотот на сиромашните, седна на една штица и тргна по морето со тврда вера во Божјата помош и молејќи Го Бога да го одведе на место коешто ќе ѝ биде угодно на Неговата Света волја. Промислителот Бог го одведе во Ливија (или Етиопија), на планината наречена Траческа. На оваа планина Марко се подвизуваше полни деведесет и пет години и не виде таму ниту човек ниту ѕвер. Цели триесет години водеше страшна борба со демоните и се мачеше со глад и жед и жега и мраз. Јадеше земја и пиеше морска вода. После триесет години најжестоко страдање, демоните победени побегнаа од него, а ангел Божји почна секој ден да му носи храна во вид на леб, риба и овошје. Пред смртта дојде да го посети свети Серапион којшто потоа и го објави житието на овој чудесен светител. Марко го запраша Серапион: „Има ли денес христијани во светот кои кога би ѝ рекле на оваа гора: ’Дигни се одовде и фрли се в море’, тоа и би се случило?“ Во тој миг кон морето се крена планината на којашто седеа самите. А Марко замавна со раката и ја запре велејќи ѝ: „Не ти зборувам тебе, врати се назад“. Таква чудотворна сила имаше овој Божји човек. Пред смртта се помоли за спасението на луѓето и Му ја предаде својата душа на Бога. Свети Серапион ги виде ангелите што ја зедоа душата на свети Марко и раката што се пружи од небото за да ја прифати. Свети Марко поживеа сто и триесет години и се упокои во Господ околу 400 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Мај
17
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ка Пелагија, дева Тарсијска (290)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Вистина – тоа не е мисла, не е збор, не е релативна работа, не е закон. Вистината е Личност. Таа е Суштество Кое проникнува во сите суштества и на сите им дава живот... Ако ја бараш Вистината со љубов и заради љубов, Таа ќе ја открие светлината на Своето лице пред тебе, онолку колку што можеш да поднесеш, а да не изгориш.

Св. Николај Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк