Православен календар

Свети шест илјади маченици во Грузија

10 април (по стар стил)

Во Давидо-Гареџиската пустина во Грузија имаше дванаесет манастири во коишто со векови се подвизуваа многумина монаси. Во 1615 г. Грузија ја нападна шахот Аббас I и целата ја опустоши, а уби безброј христијани. Одејќи еднаш во лов, во зори на Воскресение, тој виде во планината мноштво од светилки. Тоа беа монасите од сите дванаесет обители во литијата околу црквата на Христовото Воскресение, со свеќи во рацете. Кога овој шах дозна дека тоа се монаси, со чудење запраша: „Зарем не е цела Грузија веќе предадена на меч?“ И им нареди на војниците веднаш да ги убијат сите монаси. Во тој миг на игуменот Арсениј му се јави ангел Божји и го извести за близината на смртта. Тој ова им го соопшти на сите браќа. Тогаш сите се причестија со Пречистите Тајни и се приготвија за смрт. Дојдоа напаѓачите и го исекоа на парчиња прво игуменот кој прв излезе пред нив, а потоа и сите тамошни монаси. Чесно пострадаа сите и стекнаа невенливи венци во 1615 година. Вака заврши историјата на овие прочуени манастири, кои повеќе од илјада години служеа како огништа на духовното просветлување на Грузијците. Денес постојат само уште два: едниот на свети Давид, а другиот на свети Јован Претеча. Грузискиот цар Арчил ги собра моштите на мачениците и чесно ги погреба. Овие мошти чудотворат и испуштаат исцелително миро до денес.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Мај
17
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ка Пелагија, дева Тарсијска (290)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога сакаш да ставиш почеток на некое добро дело, подготви се за искушенијата коишто ќе те постигнат и не се сомневај во вистината.

Преп. Исак Сирин
57

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк