Православен календар

Светиот свештеномаченик Зинон, епископ на Верона, Италија

12 април (по стар стил)

Светиот Зинон беше по потекло грк од Сирија. На млади години стана монах и се трудеше во изучувањето на Светото Писмо. Странствувајќи по манастирите, светителот дојде во градот Верона и таму се насели. Жителите на тој град го избраа за свој епископ. Тогашните императори Констанциј и Валент беа покровители на аријанската ерес, осудена на Првиот Вселенски Собор во 325 година. Со нивна помош аријанците почнале прогон против православните христијани. Во своите проповеди и писанија, светиот Зинон цврсто опстоја на православното учење и не подлегна на аријанизмот. Напиша 16 опширни и 77 кратки поуки. Се упокои околу 260 година. Светиот Григориј Двоеслов пишува за чудото кое се случило во 558 година на денот на свети Зинон: се излиле реките Тибар и Атесис и настанала поплава во Верона; водата стигнала до храмот на свети Зинон, и достигнала до прозорците на храмот, но иако биле отворени вратите, водата не влегла внатре, туку била запрена како од невидлив ѕид.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Мај
17
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ка Пелагија, дева Тарсијска (290)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кажувај му сè на духовникот и тогаш Господ ќе те помилува и ќе ја избегнеш прелеста. А ако помислиш дека во духовниот живот ти знаеш повеќе од духовникот и престанеш на исповед да му говориш што ти се случува, тогаш за таа гордост неизоставно ќе ти се допушти некаква прелест – за да се вразумиш.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XVII.13

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк