Православен календар

Светиот свештеномаченик Артемон

13 април (по стар стил)

Беше свештеник во Лаодикија во времето на царот Диоклецијан. За себе пред судијата мачител рече: „Се викам Артемон, роб на Христа мојот Бог; шеснаесет години бев чтец и читав книги во Црквата на мојот Бог; дваесет и осум години бев ѓакон и го читав Светото Евангелие; триесет и три години наполнив како презвитер поучувајќи ги луѓето на патот кон спасението со помош на Христос“. Судијата го воведе во храмот на Ескулап, каде што жреците негуваа големи змии посветени на тој „бог“. Сите мислеа дека змиите ќе го каснат Артемон. Но тој се прекрсти и со силата на крстот ги прикова сите тие змии на земја, така што не можеа да мрднат. Сите ги опфати ужас. Главниот жрец на храмот, Виталиј, штом го виде ова чудо падна на колена пред Артемон и возвикна: „Голем е христијанскиот Бог!“ Него, а и неколкумина пријатели со него, свети Артемон ги крсти. Но злочестивиот судија остана упорен и го мачеше старецот Артемон со разни маки. Еднаш сакаше да го фрли во врела смола, но самиот падна од коњот и падна во неа и изгоре. При ова беа видени два орли како се нафрлија врз него, го оттргнаа од коњот и го фрлија во смолата. Свети Артемон остана слободен и извесно време одеше наоколу со двата верни елени што го придружуваа и го поучуваше народот. Но повторно го фатија и го убија во 303 година. Неговата душа се пресели во царството на Господ Христос, Кому Артемон Му послужи верно на земјата.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Мај
17
Мај
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ка Пелагија, дева Тарсијска (290)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој не им се спротивставува на помислите кои непријателот тајно ги сее во нас, туку со молитва кон Бога ја отсекува беседата со нив, тогаш тоа е знак дека неговиот ум се здобил со премудрост и дека го нашол пократкиот пат.

Преп. Исаак Сирин
Поуки. 30

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк