Православен календар

Преподобен Ефтимиј Велики

20 јануари (по стар стил)

Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, во пустината меѓу Јерусалим и Јерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и телесен подвиг. Околу него се собраа многубројни ученици, од кои некои станаа славни светители: Киријак Отшелник, Сава Освештен, Теоктист и др. По Божји дар беше голем чудотворец: изгонуваше демони, лечеше од тешки болести, изведе вода во пустината, умножи леб, пророкуваше. Монасите ги учеше на трудољубие, велејќи: „Ако го јадете својот леб без труд, значи дека јадете туѓ труд“. Кога некои помлади браќа сакаа да постат повеќе од другите, тој им забрани да доаѓаат на општата трпеза за да не се погордеат заради својот поголем пост. Уште говореше дека за монахот не е добро да преминува од место на место, зашто: „Дрвото кое често се пресадува не носи плодови“. Секој што сака да прави добро може да го прави на местото каде што се наоѓа. За љубовта велеше: „Тоа што е солта за лебот, тоа е љубовта за другите добродетели“. Првата недела од Чесниот Пост се оддалечуваше во пустина и таму остануваше во молчание и богомислие до пред Велигден. За време на неговиот живот во негова близина се создаде огромна лавра, којашто после со векови беше преполна со монаси како кошница со пчели. Неговата последна заповед беше да го чуваат гостољубието во манастирот и манастирската порта никогаш да не биде затворена. Се упокои во деведесет и седмата година од животот. На погребот му беше и јерусалимскиот патријарх Анастасиј. Патријархот чекаше цел ден додека огромната маса народ не го целиваше светителот и дури вечерта успеа да го опее. Седмиот ден после смртта, Свети Ефтимиј му се јави на својот ученик Дометијан сиот светол и радосен. Преподобен Ефтимиј навистина беше син на светлината. Се упокои во 473 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Април
4
Мај
нов
стил
Саб., Страстна седм. Строг пост.
Велика Сабота
слегувањето во адот на Господа Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Смирението се состои во тоа во никој случај да не се сметаш себеси за нешто, во сè да ја отсекуваш својата волја, на сите да им се покоруваш и без вознемирување да го поднесуваш тоа што ќе ти дојде однадвор. Такво е вистинското смирение во кое нема место за суетата. Смирениот не треба да се труди да го покажува своето смирение со зборови, а исто така не треба намерно да прави ниски дела - бидејќи и едното и другото водат кон суета, му пречат на успехот и причинуваат повеќе штета отколку полза. Но, кога нешто ќе му заповедаат не треба да противречи, туку да го исполни тоа со послушание, и тоа е она што води кон успех и во вистинско смирение.

Преп. Јован Пророк
Раководство, 275

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк