Православен календар

Свети Ефтимиј Трновски

20 јануари (по стар стил)

Ревнител на духовното просветлување на Бугарија и заштитник на исихазмот. Рано му се посвети себеси на Бога и прими монашки потстриг. Во младешките години неколку години помина во Константинопол и на Света Гора каде се подвизуваше под раководство на опитни старци. Се врати во татковината и се насели во една пештера недалеку од Трново. Наскоро околу него се собраа ревносни ученици и се оформи цел манастир, кој со текот на времето се претвори во огниште на просвета и чист духовен живот. Тука светиот Ефтимиј се посвети на исправање на словенскиот текст на свештените и богослужбени книги, споредувајќи ги со грчките изворници, преведе и други текстови и пишуваше житија и пофални слова. Славата на свети Ефтимиј како голем молитвеник, строг подвижник, посветен и вдахновен проповедник го доведе до патријаршискиот престол на Бугарската Црква во 1375 година. Татковски се грижеше за посветеното му духовно стадо, успешно се бореше со богомилската ерес и со лажните учења на следбениците на Варлаам и Акиндин. Во 1393 година Бугарија падна под Отоманска власт. Во време на борбата свети Ефтимиј смело дојде кај Турците барајќи мир. Турците не се осмелија да посегнат по животот на светителот. По поробувањето, Ефтимиј со указ од султанот беше испратен во заточение во Тракија каде што продолжи да проповеда и да ги храбри своите сонародници да не го примаат исламот. Се упокои околу 1403 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Април
4
Мај
нов
стил
Саб., Страстна седм. Строг пост.
Велика Сабота
слегувањето во адот на Господа Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Таков е кај нас законот: ако простуваш, тоа значи дека и тебе Господ ќе ти прости, ако не простуваш, тоа значи дека и твојот грев останува со тебе.

Преп. Силуан Атонски
Записи. VII, 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк