Православен календар

Светиот свештеномаченик Климент, епископ Анкирски

23 јануари (по стар стил)

Роден 258 година во градот Анкира, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како сопствен син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и победи своето тело. Се хранеше само со леб и зелје и не јадеше ништо заклано и крвно. Во времето на Диоклецијан беше мачен толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и мачеа единаесет разни мачители. Кога еднаш го удираа по лицето, го плукаа и му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест Дометијане, а не ме мачиш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ Исус Христос и вака Му беа удирани образите, а ти и мене недостојниот со тоа ме удостои“. Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим, царот постави на една страна разни орудија за мачење, а на другата подароци, одликувања, облеки, пари - сè што би можел еден цар да дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на царевите подароци со презир и ги одбра справите за мачење. Беше неискажливо мачен: парче по парче месо му откинуваа од телото, така што коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го убија со меч, во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архијереј служеше литургија. Чудата што ги изврши свети Климент немаат број.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Април
3
Мај
нов
стил
Пет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Петок
на Светите Христови Страдања
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Нема човек кој што нема да скрби во времето на обуката; и нема човек кому нема да му се чини тешко времето во кое ќе го пие отровот на искушението. Без нив невозможно е да се придобие силна волја... Многукратно чувствувајќи ја Божјата помош во искушенијата, човекот се здобива и со тврда вера.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 37

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк