Православен календар

Преподобен Ефрем Сирин

28 јануари (по стар стил)

Роден е во Сирија, од бедни родители, во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господа Исуса Христа. Му беше ученик на свети Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестано му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие. Неговите книги се многубројни, неговите молитви прекрасни. Најпозната му е молитвата за Чесниот Пост: „Господи и Владико на мојот живот“. Кога сакаа насила да го земат за епископ, почна да се прави луд и да трча низ градот Едеса, влечејќи ја зад себе својата облека. Кога го видоа тоа луѓето го оставија на мира. Му беше современик и пријател на свети Василиј Велики. Светиот Ефрем Сирин е главно апостол на покајанието. Неговите списи и ден денес смекнуваат многубројни срца закоравени во грев, и ги враќаат кон Христа. Се упокои во длабока старост, во 378 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
18
стар
стил
Април
1
Мај
нов
стил
Сре., Страстна седм. Строг пост.
Велика Среда
на помазувањето на Христа со скапоцено миро
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој има некаков духовен дар и сочувствува со оној којшто го нема истиот дар, тој заради тоа сочувство го зачувува дарот. А оној кој што се гордее со својот дар, заради својата умисленост - го губи.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 1.8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк