Православен календар

Преподобен Симеон Мироточив

13 февруари (по стар стил)

Стефан Немања, голем владетел на српскиот народ, бранител на Православието, истребител на ересите. Беше прво крстен во латинската црква, но подоцна се ослободи од неа и стана член на православната Црква. Кога ја утврди државата и православната вера во неа, тогаш по примерот на својот син Сава, прими монашки чин во манастирот Студеница, во 1195 година и го доби името Симеон. Неговата жена Ана исто така прими монашки чин, го доби името Анастасија и се повлече во женски манастир. По две години монаштво во Студеница, Симеон замина на Света Гора. Овде се насели прво во манастирот Ватопед заедно со Сава. Таткото и синот ги минуваа ноќите и деновите во молитва. Изградија таму шест параклиси: на Спасителот, на Бесребрениците, на свети Георгиј, на свети Теодор, на свети Јован Предвесник и на свети Николај. Ги купија урнатините на Хиландар и изградија прекрасен манастир, во кој Симеон поживеа само осум месеци па се упокои. Кога беше на издивнување, според неговата желба Сава го положи на рогозина. Со очите управени кон иконата на Пресвета Богородица со Спасителот, блажениот старец ги изусти овие зборови: „Всјакое дихание да хвалит Господа!“ И се пресели кај Господ на 13 февруари 1200 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Април
4
Мај
нов
стил
Саб., Страстна седм. Строг пост.
Велика Сабота
слегувањето во адот на Господа Христа
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Страстите се искоренуваат и бегаат од постојаното пребивање на мислите во Бога. Тоа е мечот којшто ги умртвува. Оној кој постојано мисли на Бога, тој ги прогонува од себе демоните и го искоренува семето на нивната злоба.

Преп. Исаак Сирин
Поуки, 8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк