Православен календар

Преподобниот маченик Роман

17 февруари (по стар стил)

Прост и неписмен селанец од Карпенис. Кога дозна за славата и јунаштвото на Христовите маченици, а беше млад, и самиот посака мачеништво. Отиде во Солун и почна да Го фали Христа по улиците, а Мухамед да го нарекува празнословец. Турците жестоко го изнамачија, па му го продадоа на некој капетан на една галија. Христијаните го откупија од капетанот и го испратија на Света Гора, каде што Роман стана монах кај прочуениот Старец Акакиј. Но, тој и понатаму беше желен за мачеништво за Христа. Со благослов на Старецот отиде во Цариград, се направи луд и почна да води куче по турските улици. На прашањето што прави, одговори дека го храни кучето како што христијаните ги хранат Турците. Турците го фрлија во сув бунар и таму помина четириесет дена без леб. Потоа го извадија и го заклаа. Од неговото тело три дена избиваше светлина. Еден Англичанец го зеде телото и го однесе во Англија. А еден монах натопи една крпа со крвта на маченикот. Па таа крпа и денес се чува во манастирот Дохијар. Овој славен Христов војник пострада во 1694 година.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако си навистина милосрден, тогаш, кога неправедно е одземено од тебе твоето, немој да жалиш во себе и не раскажувај наоколу за загубата. Подобро остави загубата која ти ја нанеле оние кои те навредуваат биде проголтана од твоето милосрдие.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 58

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк