Православен календар

Светите маченици Александар и Антонина

10 јуни (по стар стил)

Обајцата беа од Александрија: Антонина чесна девица, а Александар царски војник. Обајцата христијани. Прва беше изведена на суд и на мачење Антонина. Па кога ја фрлија во затвор, на заповед од Ангел Господов Александар отиде во затворот (иако дотогаш не ја познаваше Антонина), ја наметна со војничкиот плашт и ѝ рече да ја наведне главата и да помине покрај стражите пред вратите. Така девицата побегна, а тој остана во затворот. Тогаш го изведоа Александар пред судот и почнаа да го измачуваат заради името Христово. Кога го слушна тоа, Антонина самата му се пријави на судијата, којшто обајцата почна да ги подложува на разни маки. Им ги отсече рацете, а потоа ги биеше на голо тело, им ги палеше раните со свеќи и најпосле ги фрли во оган наложен во една дупка и ги затрупа со земја. Пострадаа чесно за љубовта Христова и се преселија во дворците на небесното Царство на 3 мај 313 година. Во мигот на смртта на овие маченици злобниот судија Фист онеме и го спопадна демонско беснило коешто го мачеше седум дена, од што најпосле умре.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Април
5
Мај
нов
стил
Недела. Не се пости.
Пасха
Воскресение Христово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Од Бога нè одделува лагата и само лагата... Лажните мисли, лажните зборови, лажните чувства, лажните желби – еве ја севкупноста на лагата, која нè води кон небитие, кон илузии и кон одрекување од Бога.

Св. Николај Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк