Православен календар

Преподобен Пиор

17 јуни (по стар стил)

Отшелник нитриски. Загреан со љубов кон Бога, Пиор рано се одрече од светот и се оддалечи во пустината египетска, во којашто херојски се подвизуваше. За него велат дека никогаш за јадење не седнал на трпеза, туку секогаш јадел стоејќи и работејќи. Кога го прашале зошто прави така, Пиор одговорил: „Не сакам да го сметам јадењето како некоја работа, туку за нешто споредно и попатно“. Кога го повикаа во собранието за да го судат еден брат којшто нешто згрешил, тој дојде носејќи на грбот една голема вреќа песок, а на градите едно мало кесиче со песок. Запрашан што му значи тоа, Светиот одговори: „Песокот во вреќата на грбот се моите гревови и нив не ги гледам, а песокот во кесичето се гревовите на брат ми кого треба да го судам“. Сите браќа се посрамија и возвикнаа: „Тоа е патот на спасението!“ Живееше сто години и се упокои во Господа во 6 век.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Април
3
Мај
нов
стил
Пет., Страстна седм. Строг пост.
Велик Петок
на Светите Христови Страдања
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако во времето кога умот се моли се замеша во него некоја мисла од страна, или неспокојство за нешто, тогаш таа молитва не може да се нарече чиста.

Преп. Исаак Сирин
Поуки. 16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк