Православен календар

Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

24 февруари (по стар стил)

Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Јерусалим и ја закопа на Елеонската Гора. Не знаејќи за сето тоа, кога царот Ирод дозна дека Исус врши големи чуда, се уплаши и рече: „Тоа е Јован когошто јас го убив, стана од мртвите“ (Марко 6, 16). Подоцна, еден угледен богаташ поверува во Христа, ја остави својата позиција и суетата на светот и се замонаши, па како монах со името Инокентиј се насели на Елеонската Гора токму на она место каде што беше закопана главата на Свети Јован Крстител. Сакајќи да си соѕида келија, копаше длабоко и пронајде земјен сад и во него глава за којашто на таинствен начин му беше јавено дека е на Крстителот. Тој ја целива и ја закопа на истото место. По Божја Промисла оваа чудотворна глава подоцна одеше од рака на рака и понираше во мракот на заборавот па одново беше објавувана, додека најпосле во времето на благочестивата царица Теодора - мајка на Михаил а жена на царот Теофил - и во времето на патријархот Игнатиј, не беше пренесена во Цариград. Од главата на Светиот Предтеча се извршија многубројни чуда. Значајно и интересно е тоа што додека беше жив Свети Јован не изврши ниедно чудо (Марко 10, 41), а на неговите Свети мошти им се даде дар на чудотворство.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Мај
14
Мај
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Прор. Јеремија (VI п.Х.); Преп. Пафнутиј Боровски (1478)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијани, ги разбравме ли големите обврски кои преку крштението сме ги зеле на пред Бога? Осознавме ли дека сме должни да се однесуваме како деца Божји, дека сме должни да ја поистоветиме нашата волја со волјата Божја, дека треба да бидеме слободни од грев, дека сме должни да Го љубиме Бога се целото наше срце, и со нетрпение да го очекуваме соединувањето со Него засекогаш? Сме се размислиле ли за тоа дека нашето срце треба да биде исполнето со љубов, така што таа да се излива на нашиот ближен? Имаме ли ние чувство дека сме должни да станеме свети и совршени чеда Божји и наследници на Царството Божјо? Поради сето тоа ние сме должни да се бориме, за да не бидеме недостојни и исфрлени. Никој од нас да не ја изгуби својата смелост, да не биде невнимателен кон својата должност, да не се исплаши пред тешкотиите на духовната борба. Затоа што ние за помошник Го имаме Бога, Кој што нè крепи на тешкиот пат на добродетелите.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 2

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк