Православен календар

Свети Порфириј, епископ Гаски

26 февруари (по стар стил)

Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. Потоа ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник, монахот Марко. Се подвизуваше во една пештера близу Јерусалим пет години, но тогаш раслабе во нозете и не можеше да оди. Сепак, ползејќи на колена, постојано ги посетуваше Божјите служби. Една ноќ му се јави во видение Самиот Господ и го исцели од болеста во нозете и стана сосем здрав. Кога го избраа за епископ во Газа, Порфириј ја прими таа должност со тешко срце. Во Газа затекна само двесте и осумдесет христијани; сите други жители беа идолопоклоници, и тоа фанатици. Само со својата голема вера и трпение Порфириј успеа да ги приведе Газаните во Христовата вера. Мораше лично да патува во Цариград кај царот Аркадиј и кај патријархот Јован Златоуст за да бара потпора во нерамноправната борба со идолопоклониците. Бараната поддршка ја доби. Идолските храмови беа затворени, идолите урнати, а тој изгради прекрасна црква со триесет меремерни столбови. Ѕидањето на овој храм особено го помогна царицата Евдоксија. Порфириј поживеа доволно долго за да го види целиот град Газа обратен во христијанската вера, но дури после неговите долги и тешки напори, страдања и плачни молитви кон Бога. Се упокои мирно во 421 година. Беше чудотворец за време на животот и по смртта. Моштите и денес му почиваат во Газа.

Сподели на твитер
днсМај 2024
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Мај
15
Мај
нов
стил
Среда. Пост.
Св. Атанасиј Велики, архиеп. Александријски (373); Св. Борис-Михаил Бугарски (907)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некој монах запрашал некого од старците: „зошто мојата мисла постојано тежнее кон тоа да направи блуд и не ми дава мир ниту за миг, па мојата душа се вознемирува?“ Старецот му одговорил: „ако демоните ти предлагаат грешни мисли, ти не им се предавај; на демоните им е својствено постојано да соблазнуваат. И иако тие никогаш не престануваат да советуваат, сепак не можат да те натераат да згрешиш, од твојата волја зависи дали ќе ги послушаш, или не...“ Братот му возвратил на старецот: „што да правам? Јас сум слаб и чувствувам дека таа грешна страст ме победува.“ Старецот одговорил: „Внимавај на тие мисли, и кога ќе почнат во тебе да зборуваат, не им одговарај, туку моли Му се на Бога: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“

Древен старечник, 5.35

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк